За корисници

Германска читалница

Необјавено

 

 

 

 

 

 

 

 

Германската читалница е основана во 1994 г.  на иницијатива на Гете-Институт и во соработка со Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Фондот на Германската читалница опфаќа околу 6000 б.е., a може да најдете избор на актуелни печатени и аудио-визуелни материјали на германски јазик со кои сакаме да укажеме на некои трендови и современи теми. Гете-Институтот ја поддржува библиотеката-партнер (НУБ) и заедно со неа соработува во проекти.

 

Кај нас можете да најдете:

  • Германски книги
  • Речници и лексикони
  • Германски дневни и неделни весници
  • Германски стручни списанија
  • ЦД-а
  • ДВД-а
  • ЦД-РОМ-ови
  • Интернет-пристап
  • Нудиме и посебен фонд за германски како странски јазик.

 

ПРОСТОРИИ

Читалницата, со флексибилниот мебел и осветленоста, одлично е приспособлива за разни видови на културни и образовни манифестации како литературни читања, промоции на книги, предавања, работилници, изложби на плакати и книги.

Покрај тоа, во одвоената просторија може да се одржуваат семинари, настава по германски јазик и филмски проекции.

Катчето за читање едноставно ги привлекува корисниците на опуштено читање весници, списанија и книги.

 

ЗАЈМУВАЊЕ

Германската читалница при Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ (НУБ) во Скопје е достапна за сите заинтересирани.

За зајмување на материјалите што ги нуди Германската читалница, потребно е да се приложи годишна членска картичка на НУБ.

Зајмувањето е бесплатно.

Доколку материјалите не се зајмуваат, фондот и другите услуги  можат да се користат во Читалницата со приложување на лична карта или пасош.

Истовремено можат да се зајмат 2 книги/аудио-книги, 2 ЦД-а, 2 ДВД-а и 2 списанија/весници.

Опремата во Германската читалница овозможува сите ЦД-а, ДВД-а или ЦД-РОМ-ови да се преслушаат и проследат во нејзините простории.

 

Рокови за зајмување

Книги и аудио-книги на ЦД-а

20 дена

Весници, списанија и музички ЦД-а

10 дена

ДВД-а

 3 дена



Продолжување на рокот за
зајмување


Рокот за зајмување може да се продолжи само еднаш. Продолжувањето на рокот може да се изврши во текот на работното време на Читалницата, писмено преку е-пошта или телефонски.

 

ДИГИТАЛНА БИБЛИОТЕКА НА ГЕТЕ-ИНСТИТУТ

ОНЛАЈН - ЗАЈМУВАЊЕ

Онлајн зајмување на е-книги,  е-весници,  е-аудио и видео записи.

 

ИНФОРМАЦИИ

Во Германската читалница ќе добиете одговор на Вашите прашања на различни теми за германската култура и општество. Информации за  можностите за студирање, работа и пракса во Германија, разни видови стипендии и сл.

Одговорот на  Вашето барање ќе го добието во тек на пет дена.

Воведување во работата на Германската читалница за групни посети на студенти, ученици, наставници по германски јазик и други заинтересирани групи на граѓани со претходно договарање на термин.

 

РАБОТИЛНИЦА ЗА УЧЕЊЕ ВО ГЕРМАНСКАТА ЧИТАЛНИЦА

  • Кратка презентација за Германската читалница
  • Настава по германски јазик
  • Групна работа
  • Презентации од групната работа
  • Дискусија за искуството во Германската читалница

 

Договарање на термин:

Се олеснува личното и просторното планирање, ако термините бидат договорени 2 недели однапред.  Секој настан можеме да го организираме според потребите на групата. Темите треба да бидат договорени при пријавувањето.

 

РАБОТНО ВРЕМЕ:

понеделник,среда,петокn 11:00 - 14:30
вторник,четврток 12:00 - 18:00
првата сабота во месецот 11:00 - 15:00

 

ОДГОВОРНО ЛИЦЕ:

Мариана Палашевска
Тел.: ++ 389 2 312 33 49
Тел.: ++ 389 2 31 15 177, лок 127

Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гете-Институт во Македонија

    

 

 

 

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846