Матична дејност

Матична дејност

Одделот Матична дејност и развој на библиотекарството се грижи за унапредување и координација на работата на библиотеките на територијата на Република Македонија, следењето и имплементирањето на современите текови во библиотечната теорија и практика и континуираното образование на библиотечниот кадар.

Дејноста на одделот Матична дејност и развој на библиотекарството, што произлегува од матичната функција на Библиотеката дефинирана со Законот за библиотеки и Законот за заштита на културното наследство, ги опфаќа следните активности:

  • проучување на состојбата и условите за развој на библиотечната мрежа во Република Македонија, организацијата и унапредувањето на библиотечната дејност и давање стручни мислења и предлози
  • евиденција на библиотеките (собирање, обработка и посредување статистички и други податоци за нивната работа)
  • укажување потребна стручна помош на библиотеките и стручен надзор на нивното работење
  • континуирана обука и едукација на библиотекарите
  • проучување на искуствата на библиотеките од странство
  • проучување на библиотекарската литература (стандарди, прописи, упатства и сл.)
  • давање иницијативи за донесување на прописи и мерки за унапредување на библиотечната дејност и стручно усовршување на библиотечните кадри
  • давање мислење за исполнување на условите за отпочнување, односно престанок со работа на библиотеките
Работно време:

понеделник - петок од 8:00-16:00

Одговорни лица:

Јелисавета Костадинова, Јана Михајловска- Иванов
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел: 3115 177 лок. 156

 

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846