Menu Close

Покана за одбележување на патрониот и државен празник – 8 Декември и за учество на Единаесеттата научна средба

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје има чест и задоволство да Ве покани на одбележувањето на патрониот и државен празник – 8 Декември, посветен на Свети Климент Охридски, како и на Единаесеттата научна средба на тема:

„Силината на словото“ на Свети Климент и македонското историско, културно и духовно наследство.

Настанот ќе се одржи на 6 декември 2024 година (петок), во просториите на Националната и универзитетска библиотека, со следната агенда:

11.00 часот – Свечено одбележување на празникот
12.00 часот – Почеток на научната средба

Ве очекуваме да го споделиме овој значаен ден посветен на ликот и делото на Свети Климент Охридски – учител, просветител и темел на писменоста и духовноста на македонскиот народ.