×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА КНИЖЕВНОСТ И ИЗДАВАШТВО НА МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ НА КНИГАТА ВО ВАРШАВА

Република Македонија годинава за првпат ќе учествува на Меѓународниот саем на книгата во Варшава, Полска, што ќе се одржи од 17 до 21 мај 2017 г., а организатор на претставувањето на македонската книжевност и издаваштво ќе биде Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје.

На Меѓународниот саем на книгата во Варшава, кој е еден од најголемите саеми во овој дел на Европа, оваа година ќе учествуваат околу 800 издавачи од 32 држави од 5 континенти. Освен многубројните издавачи од Полска, штандови на саемот ќе имаат издавачи и од САД, Русија, Кина, Германија, Франција, Шпанија, Велика Британија, Австралија, Индија, Јапонија, Кореја, Турција, Аргентина, Чиле, Перу, Данска, Белгија, Холандија, Швајцарија, Шведска, Чешка, Романија, Хрватска итн. Земја почесен гостин ќе биде Германија, а на саемот ќе се одржат голем број книжевни средби, трибини и дискусии на кои ќе учествуваат околу 1000 автори од различни држави, меѓу кои се и добитници на Нобеловата награда и на други врвни книжевни награди и признанија. 

Четврток, 27 Април 2017 15:06

Работилницата за Poetry Slam

Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка со поддршка на Гете Институт Скопје и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, како домаќин, Ви ја најавуваат работилницата за Poetry Slam која ќе се оддржи на 28.04.2017 (петок) во Германската Читалница во Скопје.

Порака од проф. д-р Иван Џепароски, филозоф и поет по повод Светскиот ден на книгата и авторското право – УНЕСКО 23 април 2017

КНИГАТА, БИБЛИОТЕКАТА И МЕМОРИЈАТА

При отворањето на новоизградената Bibliotheca Alexandrina во прочуеното египетско пристаниште Александрија на 1 ноември 2003 година, италијанскиот естетичар, прочуениот „Павароти на семиотиката“, теоретичарот на културата и култниот автор на постмодернистичкиот книжевен бестселер „Името на розата“, славниот Умберто Еко (Umberto Eco), го одржал своето предавање под сигнификантен наслов: „Растителната и минералната меморија: иднината на книгите“.

Д-Р НИКОЛАУС ВИРВОЛ И СИРИСКИОТ МИТРОПОЛИТ МЕЛКИ ЈУРЕК ВО ПОСЕТА НА НУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
 
Во посета на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје престојуваa неговата еминенција монсињор д-р Николаус Вирвол, еден од основачите и долгогодишен управник на Институтот за Источни цркви во Регенсбург, Германија и неговото високопреосвештенство, митрополитот на Адаман, Мор Григориос Мелки Јурек од Сириската православна црква. 
Понеделник, 27 Февруари 2017 15:15

ДЕН НА ЧИТАТЕЛОТ

Манифестацијата Ден на читателот посветена на читателите во Република Македонија, што ја организира  Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје,  ќе се одржи на 6 март 2017 година со доделување на престижната награда  Најчитан автор за 2016 година.      

Во склоп на овој празник на читањето и читателот, за љубителите на пишаниот збор и сите што ќе присуствуваат на настанот, подготвивме богата програма со која сакаме да го поттикнеме интересот за читање, за купување или позајмување книги, како и желбата  да се посети некоја од библиотеките во  Македонија.  Во таа насока, а во чест на Денот  на читателот, секој што ќе дојде да го проследи настанот, но и сите учесници во програмата, ќе  добијат по една вредна книга како подарок. 

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846