Четврток, 14 Јуни 2012 11:02

Статии и прилози

Опфаќа статии и прилози објавени во сериски публикации, како и во дел од монографски публикации (зборници од конгреси, симпозиуми, советувања и други стручни и научни собири, како и во мографски публикации кои содржат трудови од различни автори). Оваа серија има селективен карактер, при што селекцијата се врши на две нивоа. Првата селекција се врши при избор на наслови на сериски публикации како изворници, а втората при избор на статии и прилози од веќе селектираните изворници. Основни критериуми при селекцијата се нивната научна, стручна, популарна и уметничка вредност. Само публикуваните трудови кои се типизираат според овие вредносни критериуми се обработуваат во 2. серија – Статии и прилози.

Четврток, 14 Јуни 2012 11:02

Сериски публикации

Содржи податоци за обемот и структурата на сериските публикации издадени во Република Македонија во тек на една календарска година. Како дел од тековната национална библиографија и оваа серија се подготвува според територијален принцип. Во неа без селекција се вклучуваат наслови на различни видови сериски публикации: весници, списанија, ревии, годишници, зборници, билтени, алманаси, училишни гласила, единечни јубилејни броеви и друго.

Четврток, 14 Јуни 2012 11:02

Монографии

Се изготвува од македонскиот задолжителен примерок, а двете свески ја опфаќаат целокупната едногодишна издавачка продукција примена во НУБ „Св. Климент Охридски“. Во неа се вклучуваат монографски публикации (книги) издадени од македонски издавачи, кои се печатени во Македонија и во странство, докторски дисертации одбранети на Универзитетите во Македонија, географски карти, музикалии - нотни записи, како и електронски публикации.

Среда, 19 Декември 2012 16:34

Дигитална библиотека

Дигиталната библиотека при НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје преку својот портал Dlib.mk, на своите посетители им овозможува пристап до различни библиографски содржини како што се книги, ракописи, списанија и периодични публикации, статии, географски карти, ноти, научни извештаи, проекти и тн.

Среда, 19 Декември 2012 16:21

Македонски е-Библиотеки

Вистинско место за добивање на библиографски, фактографски, биографски, нумерички и други видови информации за природни, применети, општествени и хуманитарни науки и уметностите.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846