×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ Скопје, од 28-30 Септември 2011 год. во Баку, Република Азербејџан,  учествуваше на Вториот Интернационален Саем на книга, организиран по повод дваесетгодишнината од возобновувањето на независноста на Република Азербејџан. На овој саем, кој беше организиран од Министерството за култура и туризам на Р. Азербејџан, освен домашните и странските издавачки куќи, посебно место имаа штандовите на Националните библиотеки од Турција, Русија, Унгарија, Словачка, Белорусија, Латвија, Молдавија, Казахстан и Македонија, кои имаа можност да ја претстават националната книжна продукција.

Меѓународниот саем на книгата во Франкфурт, кој годинава се одржа од 12 до 16 октомври, е најголемa светска манифестација посветена на писателите, издавачите, книжевните агенти и љубителите на книгата. Како и секоја година, саемот собра над 7000 излагачи од околу 110 земји, меѓу кои и Македонија. Според официјалните информации, Фракфуртскиот саем на книгата го посетија повеќе од 280.000 посетители, а истовремено, како и секоја година, се склучија деловни зделки за продажба на авторски права вредни стотици милиони евра. За пет дена, колку што траеше саемот, беа организирани над 2500 промоции, прес-конференции, презентации и друго.

Среда, 07 Декември 2011 13:13

Петтата научна средба

На 7 декември 2011 г. во Центарот за конференции и студии на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје се одржа петтата научна средба по повод патрониот празник, на темата „Иконоликот на свети Климент Охридски“. По поздравниот говор на директорот на библиотеката, г. Миле Бошески, и воведниот збор на редакторот и модераторот на научната средба, проф. д-р Ратомир Грозданоски, свои излагања имаа:

На 29 декември 2011 година, во рамките на Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје свечено беше отворен Библиотечeн центар за слепи и слабовидни лица, прв од таков вид во Република Македонија, кој се простира на 200 м2 квалитетен, современо приспособен и функционален простор, опремен со машина за подготовка и печатење книги со Брајово писмо,  комплетно опремено  студио за снимање звучни книги, читална за реализација на програма за поширока културна анимација, како и кацеларија за вработените. Центарот ќе ги нуди сите потребни услуги за слепите и слабовидните граѓани во нашата земја и ќе обезбеди постојано и континуирано издавање на научна, стручна и друг вид литература што ќе се користи во образовни, научно и информативни цели за оваа целна група.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846