×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

Среда, 18 Ноември 2015 10:21

НОЕМВРИ - МЕСЕЦ НА ГЛАГОЛИЦА

   Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Скопје, преку проектот „Mлад Светиклиментов универзитет“, веќе неколку години го дава својот придонес во зачувување и негување на македонските традиционални вредности и пренесување на истите на идните генерации. Проектот е замислен како целина составена од повеќе  работилници,  водени од докажани професионални тимови, преку кои досега се едуцираа стотина ученици од повеќе основни училишта во градот Скопје и одреден број заинтересирани граѓани, чии дела беа презентирани на две поединечни изложби. Во изминатите неколку години, беа организирани неколку работилници, како: Работилницата за рачно производтво на еколошка хартија, Работилницата за примена на рачно добиената хартија за практични цели и Работилницата за изучување на основните елементи на глаголицата.

Среда, 21 Октомври 2015 12:17

Модата низ фондовите на НУБ

   Со оваа изложба Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје се вклучува во манифестацијата Моден Викенд Скопје и ја дополнува модната изложба „Свадбени приказни“ во Музејот на Македонија.

 Изложбата  може да ја посетите од 21 октомври до 8 ноември 2015 година.

   Со репрезентативна изложба на книги, преведени од македонски на хрватски јазик, авторско претставување на македонските писатели Блаже Миневски, Лидија Димковска и Владимир Илиевски, како и со богата  и содржајна дискусија на тркалезната маса посветена на преводот и преведувањето, односно можностите за збогатување на фондот на преведени дела од македонски на хрватски јазик и обратно, вчера во Загреб завршија Деновите на македонската книжевност во Хрватска.

   Делегација од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје предводена од директорот, д-р Иван К. Заров, ќе престојува во дводневна официјална посета (5 и 6 октомври 2015 г.) на Националната и универзитетска библиотека во Загреб, Хрватска при што директорот Заров ќе оствари работна средба со д-р Татијана Петриќ, новоименуваната директорка на Хрватската национална библиотека и ќе присуствува на манифестацијата Денови на македонската книжевност во Хрватска, која опфаќа  репрезантативна изложба на книги преведени од македонски на хрватски јазик во периодот од 1990 до 2015 г., со гостување и настап на тројца македонски писатели, и тркалезна маса посветена на преводот и преведувањето, како и на можностите за збогатување на фондот на  преведени дела од македонски на хрватски јазик и обратно.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846