×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

На 5 мај 2015 година, во 12.00 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, свечено ќе биде отворена изложбата „Победата над фашизмот. Како се постигна”.

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и оваа година, традиционално, го одбележува 23 април - Светскиот ден на книгата и авторското право - УНЕСКО.

Повелете заедно да го прославиме Денот на книгата (четврток, 11:00 часот во НУБ).

Деветтата димензија плакатНационалната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”-Скопје и издавачката куќа „Стрип Квадрат“ ве водат низ изложбата „Деветтата димензија” што ќе ја претстави македонската стрип сцена. Со стрип табли и албуми ќе бидат претставени повеќе македонски автори. Покрај тоа, ќе можете да се потсетите на уникатните „Мак стрип“ изданија, а ќе бидат изложени и голем број други стрип списанија кои НУБ ги има сочувано во своите фондови. За Деветтата димензија ќе говорат Маја Мицевска од НУБ и Душко Кралевски новинар и познавач на стрипот. Изложбата ќе ја отвори д-р Иван К. Заров, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“ –Скопје.

Настанот ќе се одржи на 27 март (петок) 2015 г., 18.00 ч. во холот на НУБ.

На 26 февруари 2015 г. (четврток), во 12:00 часот, во Центарот за конференции и студии при Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, ќе се одржи конференција за печат на која ќе биде претставено победничкото решение на конкурсот „КулТИП“ - аудио плеер за лица со посебни потреби. Aудио плеерот е резултат од проектот „Веб базиран аудио плеер за лица со посебни потреби“ со кој НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) учествуваа на конкурсот „КулТИП 2014“ што го организираше Британски совет во соработка со Факултетот за информатички науки и комјутерско инженерство (ФИНКИ). На овој конкурс за иновативни решенија и за воведување на нови дигитални технологии во културните институции беше доделена прва награда за аудио плеерот за лица со посебни потреби.

Централната прослава на јубилејот - 70 години од основањето на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и одбележувањето на патрониот празник на институцијата, ќе се одржи на 5.12.2014 година (петок).

Прославата ќе почне во 11.00 часот со положување цвеќе пред споменикот на свети Климент Охридски (пред Библиотеката), а хорот „Хармосини“ ќе ја исполни композицијата „Тропар на свети Климент Охридски“, со што ќе биде оддадена почит на патронот на НУБ „Св. Климент Охридски“.

Во рамки на прославата и во контекст на 70-годишниот јубилеј, за досегашниот придонес на Библиотеката во општествениот развој на државата, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе ѝ додели Орден за заслуги за Македонија на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846