Изложбата организирана од Гете-институт во соработка со Музејот за сликовници од Тројсдорф преку 13 репрезентативни позиции ни овозможува да се запознаеме со творештвото на значајни германски илустратори. Покрај меѓународно реномираните класичари, се претставуаат и помлади уметници чии дела ги отсликуваат најновите тенденции во германската илустрација на сликовници.
Изложбата поединечно ги претставува делата на следниве уметници: Јута Бауер, Ротраут Сузане Бернер, Надја Буде, Клаус Ензикат, Волф Ерлбрух, Џеки Глајх, Николаус Хајделбах, Зибиле Хајн, Јанош, Каролине Кер, Аксел Шефлер, Филип Вехтер и Катја Венер. Тринаесетте уметници беа поканети да изберат по пет илустрации од некоја од нивните сликовници и накратко да го образложат својот избор. На овој начин изложбата овозможува една навистина лична и непосредна средба со уметниците.