Националната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” - Скопје и Американското Катче, во Скопје Ве покануваат на информативна презентација за услугите што ги нуди Националната и универзитетска библиотека која ќе ви дозволи на ѕирнете во уникатните збирки со кои таа располага. Истотака ќе имате можност да ги добиете сите потребни информации околу Фулбрајт програмата поддржана од Американската Амбасада во Македонија.
Американското катче продолжува со работа во модерно уреден простор. По кратка потрага за идеална локација, Катчето ќе функционира во новиот дел на Националната и универзитеска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје како партнерство меѓу Библиотеката, Амбасадата на САД во Скопје и Министерството за култура на Република Македонија.