Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, како комесар на македонското издаваштво на 58. Меѓународен белградски саем на книгата што се одржа од 20. до 27. октомври 2013 г., на оваа најголемa манифестација во регионот посветена на издаваштвото и книжевноста, истовремено ги презентира актуелната издавачка продукција од Република Македонија и современата македонска книжевност. И првиот и вториот сегмент на претставувањето беа успешно реализирани, за што сведочат позитивните одгласи во српските медиуми и културните кругови. Македонскиот штанд го посетија голем број српски писатели и преведувачи, издавачи од Србија и од други држави, како и многумина заинтересирани љубители на книгата, меѓу кои беа и Македонци кои живеат и работат во Република Србија.

Објавено во Прес

Имаме задоволство да Ве поканиме на свеченото отворање на изложбата насловена СРПСКАТА КНИЖЕВНОСТ ВО ПРЕВОД НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК и на трибината Преводот и преведувањето - состојби и перспективи, што ги организираме во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје на 6 декември 2012 г., со почеток во 11.00 ч.

Објавено во Изложби

Директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје во официјална посета на Народната библиотека на Србија во Белград, 6 и 7 јуни 2012 г.

Со цел интензивирање на соработката, директорите на двете национални библиотеки, Миле Бошески и Дејан Ристиќ, потпишаа договор за соработка. На свеченоста присуствуваше и г. Љубиша Георгиевски, амбасадор на Р. Македонија во Србија. На работниот состанок се разменија идеи за реализирање заеднички проекти во повеќе домени на библиотечната и информациската дејност.
Миле Бошески имаше прием кај Предраг Марковиќ, министер за култура, информирање и информациско општество на Србија, а потоа ја посети Градската библиотека во Белград.

Објавено во Прес

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846