Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Скопје и Кинеското катче при НУБ, Ве канат на предавањето со наслов „Кинеската традиционална култура и современото кинеско општество“, во среда, 7 февруари, со почеток од 13,00 часот во Центарот за конференции и студии во НУБ.
Предавањето ќе го одржи проф. д-р Ке Џинг, од Универзитетот за странски јазици во Пекинг, главниот академски центар за изучување и истражување на странски јазици кој е основач на 27 институти „Конфуциј“ во светот.