ДЕН НА ЧИТАТЕЛОТ

Понеделник, 27 Февруари 2017 15:15

Манифестацијата Ден на читателот посветена на читателите во Република Македонија, што ја организира  Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје,  ќе се одржи на 6 март 2017 година со доделување на престижната награда  Најчитан автор за 2016 година.      

Во склоп на овој празник на читањето и читателот, за љубителите на пишаниот збор и сите што ќе присуствуваат на настанот, подготвивме богата програма со која сакаме да го поттикнеме интересот за читање, за купување или позајмување книги, како и желбата  да се посети некоја од библиотеките во  Македонија.  Во таа насока, а во чест на Денот  на читателот, секој што ќе дојде да го проследи настанот, но и сите учесници во програмата, ќе  добијат по една вредна книга како подарок. 

Објавено во Прес

ДЕН НА ЧИТАТЕЛОТ

Понеделник, 30 Јануари 2017 09:58

ДЕН НА ЧИТАТЕЛОТ

 

Објавено во Прес

 На 10 март 2016 г., Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, за првпат ја организираше манифестацијата „Ден на читателот“ што  беше целосно посветена на читателите во Република Македонија. На овој ден, во чест на читателите, кои го одредуваат најчитаниот македонски автор се додели и наградата „Најчитан автор“.  

Објавено во Прес

ДЕН НА ЧИТАТЕЛОТ

Среда, 02 Март 2016 12:53

ДЕН НА ЧИТАТЕЛОТ

10 март (четврток) во 11,00 часот

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, оваа година за првпат ја организира манифестацијата „Ден на читателот“ што ќе биде целосно посветена на читателите во Република Македонија.

Објавено во Прес

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846