Деновиве излезе од печат првиот број на „Издаваштво: списание за промоција на издавачката дејност во Република Македонија“. Списанието го објавува Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, излегува еден број годишно и во него се претставени најрепрезентативните и најмаркантните публикации, едиции, издавачки проекти и манифестации поврзани со книгата и издаваштвото.

Во воведот, редакцијата истакнува дека „Издаваштво е замислено и конципирано како списание што ќе придонесе за презентирање и афирмација на издаваштвото и на издавачката дејност во нашата земја... Во годината што измина се реализираа бројни издавачки проекти... тие во себе го носат духот на ова поднебје во кој се вткаени длабоки цивилизациски вредности“.

Објавено во Прес

Ни претставува чест и задоволство да Ве информираме дека по повод патрониот празник и одбележувањето на големиот јубилеј - 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, ја организира 9-та Научна средба на тема „Свети Климент Охридски - 1100 години духовен светилник“.

Објавено во Прес

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје заедно со Националната библиотека „Св. св. Кирил и Методиј“ - Софија, организира Денови на современа бугарска книжевност во Македонија. Манифестацијата ќе сеодржи на 15 и 16 ноември 2016 година, во просториите на НУБ – Скопје и ќе ги содржи следните активности: потпишување нов Договор за соработка меѓу двете библиотеки, изложба на книги преведени од бугарски на македонски јазик во последните две децении, книжевна средба со тројца бугарски автори и трибина на тема „Читаност и афирмација на македонските и бугарските автори во други културни средини“.

Објавено во Прес

Германија в куфер

Среда, 02 Ноември 2016 09:47

Драги пријатели на гермаснкиот јазик и култура,

Гете-институт Скопје срдечно Ве поканува на изложбата

„ГЕРМАНИЈА В КУФЕР“, која ќе се прикажува до крајот на годината во Германска читалница при НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Објавено во Прес

Промоција на книгата „Несвети, а свети“

Понеделник, 03 Октомври 2016 15:29

Почитувани,

Со задоволство Ве информираме дека на 4 октомври (вторник) о.г., со почеток од 12.00 ч., во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе биде промовирано македонското издание на книгата „Несвети, а свети“ чиј автор е епископот егорјевски Тихон.

Објавено во Прес

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846