„СЕЧЕЊЕ НА ХАРТИЈА“

Вторник, 29 Март 2016 09:06

 На 29 март о.г (вторник) во 12,00 ч. Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“  - Скопје и Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје организираат предавање за древната кинеска уметност „Сечење на хартија“ и демонстрација на основните техники. Осврт за историјата и значењето на оваа древна уметност ќе има Елена Дамјаноска, секретар на Институтот, додека Џанг Минџије ќе ги демонстрира основните техники на оваа уметничка форма. Настанот ќе се одржи во Центарот за конференции и студии при НУБ.

Објавено во Прес

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846