Откријте зошто вашите изданија треба да содржат CIP, ISBN, ISSN, ISMN, и други информации
ISMN (International Standard Music Number) е меѓународен стандарден број за музика кој се користи за идентификација на печатени музикалии (партитури, штимови или елементи во мулти-медијален комплет).
Агенцијата за ISМN на Република Македонија во рамките на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски’’во Скопје.
ISSN (International Standard Serial Number)-Меѓународен стандарден број за сериски и тековни публикации кој овозможува идентификација и контрола на сите извори во континуитет издадени на национално и интернационално ниво.
ISBN систем (International Standard Book Number) е Меѓународен систем за идентификација на секоја пооделна книга (монографска публикација) со помош на бројки.
Доставувањето македонски задолжителен примерок заради заштита, чување и давање на користење, е работа од јавен интерес, регулирана со Закон за задолжителен примерок (“Службен весник на Република Македонија” бр. 11/94, 92/08). Задолжителниот примерок се заштитува, чува и користи според прописите за посебна заштита на предмети од посебно културно и историско значење.
CIP (Cataloguing in publication) е акроним за катaлошки опис во публикација. Тој е меѓународно препознатлив, стандардизиран библиографски опис изработен за публикацијата пред нејзиното издавање. Изработката на CIP-записот е заемна обврска на издавачите во РМ и на Националната библиотека (Закон за издавачката дејност, „Службен весник на РМ“ бр. 199/14 и бр. 152/15). Согласно со законот, НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје има ексклузивно право во изработувањето на CIP-записите.