×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

Испечатете ја страната

Класични каталози

Четврток, 14 Јуни 2012 10:59 Напишано од 
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Податоците за публикациите што се уште не се внесени во електронскиот каталог, корисниците можат да ги побараат во класичните каталози на Библиотеката (печатени каталози и каталози во картончиња).

Од своето основање Библиотеката водеше поголем број различни видови каталози во картончиња, како за библиотечниот материјал што се чува во општиот фонд, така и за библиотечниот материјал што се чува во посебните фондови и збирки. Со автоматизацијата на библиотечните процеси од 1989 г., кога започна да се води електронски каталог, одржувањето на каталозите во картончиња постепено започна да се напушта, така што од 2002 г. се ажурира само основниот/топографски каталог на библиотеката.

Каталозите во картончиња за општиот фонд се лоцирани во холот на првиот кат, спроти пултот за издавање на книгите. Таму се сместени следните класични каталози во картончиња:

  • азбучен / абецеден каталог на монографски публикации (до 1974 г.)
  • азбучен / абецеден каталог на монографски публикации (од 1974 г.)
  • азбучен / абецеден каталог на наслови на сериски публикации
  • УДК-каталог на монографски публикации
  • УДК-каталог на сериски публикации

Каталозите во картончиња на посебните фондови и збирки се лоцирани во просториите и читалниците на збирките.

Библиотеката ги има следните печатени каталози:

  • Централен каталог на монографски публикации во Република Македонија
  • Централен каталог на сериски публикации во Република Македонија
  • Централен каталог на словенски ракописи во Република Македонија
  • Централен каталог на старопечатен и редок библиотечен материјал во Република Македонија
  • Централен каталог на прирачници во Република Македонија
Прочитајте 9821 times Последен пат изменето на Петок, 03 Април 2015 15:36

Последно од