×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

CIP - Каталогизација во публикација

Вторник, 12 Јуни 2012 14:54 Напишано од 
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)
Што е CIP?

CIP (Cataloguing in publication) е акроним за катaлошки опис во публикација. Тој е меѓународно препознатлив, стандардизиран библиографски опис изработен за публикацијата пред нејзиното издавање. Изработката на CIP-записот е заемна обврска на издавачите во РМ и на Националната библиотека (Закон за издавачката дејност, „Службен весник на РМ“ бр. 199/14 и бр. 152/15). Согласно со законот, НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје има ексклузивно право во изработувањето на CIP-записите.

 
CIP-от обезбедува
  • содржинско и формално претставување на македонската книга на корисници што не го познаваат македонскиот јазик - афирмација на националната издавачка продукција,
  • универзален достап до информациите, едновремен со нивното публикување,
  • забрзување на протокот на информациите преку скратувањето на времето на нивното создавање,
  • стандардизација на библиографскиот опис,
  • реализација на библиографската контрола,
  • помош на библиотеките без соодветен кадар во стручната обработка на публикациите и одржувањето каталози.
 
Публикации за кои се изработува CIP
  • книги
  • зборници
  • нотни записи
  • носачи на звук (ЦД, ДВД, аудио-касети, магнетофонски, магнетни и други ленти и сл.)
  • мултимедијална граѓа (ЦД, ДВД и др.)
  • атласи, географски карти, просторни планови
 
Публикации за кои не се изработува CIP     
  • периодични публикации
  • рото-романи, сликовници без текст
  • текстови за интерна употреба и текстови во подготовка (тези, преднацрти, нацрти, предлози)
  • ефемериди (адресари, именици, извештаи)
  • рекламни публикации, проспекти
  • уметнички и други програми
  • ценовници, тарифи
  • упатства за ракување и одржување
  • плакати, летоци, покани
  • патенти, стандарди
  • ѕидни и сл. календари
 
Изготвување на CIP-запис

За да се изготви CIP-запис за публикација издавачот е должен да достави пополнето барање за издавање CIP-запис и конечна верзија на материјалот за CIP-запис (во електронска или печатена форма).

За изготвување на CIP–запис за монографски публикации, издавачот е обврзан да плати надомест во висина од 600,00 ден. согласно со Ценовникот за користење услуги во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

За CIP-записи со класификација според УДК за статии и прилози во сериски публикации, согласно со Ценовникот, се наплаќа следниот надомест: до десет статии 400,00 ден., над десет статии 600,00 ден. За  CIP-записи со класификација според УДК за статии и прилози во монографски публикации не се наплаќа бидејќи претходно е платен  CIP-запис за самата монографска публикација.

Надоместот се плаќа пред изготвувањето на CIP-записот, директно во службата за книговодство на Библиотеката или со образец ПП 50, на трезорската сметка на НУБ „Св. Климент Охридски“, кој треба да се достави како доказ за направената уплата. CIP-записот може да се плати и на фактура.

Уплатница за CIP

 

CIP-записот се изготвува во рок од 7 дена од денот на поднесувањето на барањето.

 

CIP-записот се објавува во интегрален облик или како идентификациски број под кој се води во електронската база на податоци на Националната библиотека, и тоа графички воочливо и одвоено од останатите податоци на публикацијата.

 
Потребните документи за изработка на CIP–запис треба да се испратат на следниве електронски адреси:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. (за монографски публикации)

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. (за CIP-записи со класификација според УДК за статии и прилози во сериски публикации)

Издавачите кои сакаат статиите во зборниците аналитички да бидат обработени, потребните документи, покрај на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.треба да ги достават и на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 
Доколку имате потреба од дополнителни информации, можете да се обратите на следниве телефони:

02/3115-177, локал 118 или 02/3133-418 (за CIP-запис за монографски публикации, лице за контакт: Габриела Крстевска)

02/3115-177, локал 151 и 078/ 378387 (за CIP-записи со класификација според УДК за статии и прилози во сериски публикации, лице за контакт: Софче Марковиќ)

Прочитајте 13031 times Последен пат изменето на Четврток, 15 Ноември 2018 10:58

Повеќе во оваа категорија: « Задолжителен примерок ISBN »

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846