×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

Универзитетска читалница

Среда, 12 Декември 2012 23:55 Напишано од 
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Во Универзитетската читалница корисниците можат самостојно и по свој избор да користат високошколски учебници, зборници, прирачници, материјали од собири, изданија на Универзитетите и други научни институции во РМ, општи и специјализирани енциклопедии, лексикони, речници (толковни, двојазични, повеќејазични и терминолошки), атласи, алманаси, водичи и сл.; монографски, најнови броеви од сериски публикации и секундарни/терцијарни публикации од областа на библиотекарството и информациските науки; избор на дневен, неделен и месечен печат од македонската продукција и др.

Библиотечните материјали кои се сместени во Универзитетската читалница може да се користат само во просторот на читалницата.

За користење на услугите, корисникот мора да се регистрира кај одговорниот библиотекар.

Во читалницата корисниците имаат работни места за сопствени преносни компјутери.

Работно време:

понеделник до сабота
7:30 до 19:30 часот

Прочитајте 8495 times Последен пат изменето на Вторник, 21 Мај 2013 10:49

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846