Од 5 до 7 ноември во Центарот за конференции и студии при НУБ се одржа првата работилница за зелени библиотеки со поддршка на Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје и Здружението за македонско – германско пријателство и соработка – Скопје. Предавач е почитуваната професорка Петра Хауке.
Целта на работилницата е да се разменат искуства и знаења, како за целите за одржлив развој на Обединетите нации, така и за задачите на Секторот за екологија и одржлив развој на ИФЛА и германската мрежа за зелени библиотеки.
В.Д. директорот на НУБ, Јовица Никчевски имаше и конструктивна средба и со амбасадорката на Сојузна Република Германија, н.е. г-ѓа Петра Дрекслер на која меѓу другото се зборуваше и за идни проекти и можна соработка со германските библиотеки.