Новости

Ресоцијализацијата во општеството, вклучително и на осудените лица, е важен предизвик за сите нас...

Ние како општество сме должни, по вашето напуштање на овие казнено-поправни установи, да обезбедиме услови за ваше постепено враќање во социјалните структури на општеството, да создадеме можности за подобар живот за вас, но и за вашите семејства“, истакна министерот за култура Асаф Адеми вечерва, пред почетокот на концертот кој беше организиран за лицата лишени од слобода во казнено-поправната установа Затвор Скопје и беа донирани книги од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Министерството за култура заедно со националните установи од областа на културата реализираше една поширока акција со повеќе културни активности за ресоцијализација и едукација, настани кои се одвиваа како дел од Меморандумот за соработка, кој Министерството за култура го потпиша заедно со Затворот Скопје. 
Министерот за култура посочи дека Министерството за култура и во иднина преку своите национални установи, во рамките на своите надлежности, стои на располагање, на казнено-поправните установи да им понуди културни содржини од различен вид. Директорката на НУБ, др. спец. Сенка Наумовска покрај донацијата на книги (која е трета донација за КПУ во нејзиниот мандат) ќе овозможи и дополнителни библиотечни активности за примерните затвореници.

Во Центарот за конференции и студии на НУБ „Св. Климент Охридски“ денес се одржа прес-конференција на која директорот на Струшките вечери на поезијата Мите Стефоски, заедно со претседателката на УО на оваа меѓународна манифестација, проф. д-р Елизабета Шелева, ги претставија програмата и содржините на овој поетски фестивал.

Поводот е 55 години од катастрофалниот земјотрес и обновата на градот. Со цел да се прикаже оваа несреќа, низ призмата на солидарноста, но и да се посведочи за културолошката визија на урбанистите, во холот на НУБ ќе бидат изложени:


- Оригинални фотографии

- Извадоци од урбанистичките елаборати

- Мапирање на културни објекти

Со „Ноќна романса за Кочо Рацин“ што ќе се одржи на 29 јуни, НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе одбележи два заначајни јубилејни датуми на Кочо Рацин: 110 години од неговото раѓање и 75 години од неогвата смрт.

Љубителите на поезијата на Рацин, особено на љубовната поезија, ќе имаат исклучителна можност да ги видат сите зачувани картички кои Рацин ги испраќал до Раца искажувајќи ја својата младешка љубов, како и да слушнат дел од стиховите во изведба на актерот Дамјан Цветановски. Присутните ќе го проследат музичкиот перформанс на Васко Атанасоски (Bernays Propaganda) и документарниот филм „Бели мугри“.

Во оваа прилика се заблагодаруваме на колегите од Архивот на МАНУ кои ни ги позајмија оригиналните картички на Рацин, како и на Кинотека на Македонија, за копијата на филмот Бели мугри.

Перформансот ќе се одржи на платото пред НУБ, на 29 јуни (петок) во 20. часот. Ве очекуваме!!!

Галерија

Галерија фотографии

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846