Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во соработка со Кинеското катче при НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе организира одбележување на Празникот на средината на есента кое ќе се одржи на 15 септември о.г. (четврток) во 18,00 ч. во НУБ „Св. Климент Охридски“. Придружете ни се во славењето на овој традиционален празник кој со пригодна програма, кинески чај и месечеви колачиња ќе го одбележиме под полната месечина.
Во прилог е информацијата за значењето и потеклото на овој значаен традиционален кинески празник.
Амбасадата на Република Словенија во Скопје, Словенечкото здружение „Франце Прешерн“ и
Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ – Скопје имаат чест да
Ве поканат на дебата на тема :
„Надворешната политика на Балканот“ по повод словенечкото издание на книгата „Балкански мегаетникум“ од проф. д-р Димитар Мирчев