Прес

Промоција на книгата „Русизмите во македонскиот литературен јазик“ на професорката Нина Чундева

Петок, 22 Декември 2017 14:28

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и Рускиот центар

при УКИМ имаат чест да Ве поканат на промоцијата на книгата „Русизмите во
македонскиот литературен јазик“ на професорката Нина Чундева.

Промотори на монографијата ќе бидат д-р Емил Ниами, проф. д-р Катерина Велјановска и
проф. д-р Красимира Илиевска.

Настанот ќе биде збогатен и со свечено наградување на професорката Чундева со
Пушкинскиот медал кој го доделува претседателот на Руската Федерација на странски
државјани кои оставиле трајни вредности во образованието и руската култура. Медалот ќе го додели амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија н.е. Олег
Николаевич Шчербак.

Петок, 22.12.2017 во 12:30 часот, НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје

 

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846