Прес

Конкурс за најдобра фотографија

Четврток, 03 Август 2017 12:46

Европеана Europeana.eu ве повикува да учествувате во наградна игра!!!

За сите љубители на фотографијата, фотографи – аматери и професионaлци, Европеана и НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје ви подготвија летно изненадување.

Европеана е дигитална библиотека, музеј и архив каде се чува културно богатство од над 3000 институции од Европа. Натпреварот #PicThisEurope е инициран од Европеана и истиот претставува продолжение на дигиталната изложба на стари разгледници Picture this! Vintage postcards of Southeastern Europe во која, со разгледници од Скопје, кои се дел од фондот на посебните збирки, учествуваше и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје заедно со националните библиотеки од Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора. Натпреварот има цел да го промовира културното наследство отсликано на старите разгледници.

Европеана ве повикува да учествувате во овој натпревар со свои фотографии кои ќе прикажат како изгледаат денес објектите и знаменитостите што се претставени на разгледниците.

Испратете ги вашите фотографии на социјалните мрежи на Европеана Facebook, Twitter или на Instagram користејќи го симболот #PicThisEurope и наведете го градот и државата од каде е испратена фотографијата и станете добитник на една од наградите или бидете дел од изложбата Europeana Collections.

Фотографиите може да ги испраќате до 31 август 2017.

Погледнете ги правилата за учество на следната адреса bit.ly/PicThisEuropeMKD

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846