Прес

Посета на НУБСК на библиотекари и професори од повеќе средни училишта од Загреб и Крапина, Хрватска

Понеделник, 03 Јули 2017 12:35

Група од педесетина библиотекари и професори од повеќе средни училишта од Загреб и Крапина, Хрватска, беше во еднодневна стручна посета на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Целта на посетата беше запознавање со стручните процески, системот и организираноста на работата на нашата библиотека, размена и споделување знаења.


Стручните и одговорни библиотекари од НУБ подготвија излагања и презентации, почнувајќи од набавката и комплетирањето на библиотечен материјал, новите законски промени во библиотечната дејност, доделување на ЦИП-записот за секоја новоиздадена публикација, работата на ИСБН и ИССН агенциите, базите податоци кои им се на достап на корисниците за нивните истражувања, програмата КОБИС, специјалните збирки... Голем интерес кај гостите предизвикаа неколкуте експонати, особено „Бели мугри“ од 1939 г. и ракописот „Животопис на Свети Влахо“ од 1861 г. од Радиловиќ (МС 29).

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846