Држави-учеснички се:
- Албанија
- Босна и Херцеговина
- Хрватска
- Македонија
- Молдавија
- Црна Гора
- Србија
- Словенија
Како да учествувате
Едноставно, пратете ги само вашите фотографии за конкурсот преку Twitter, Instagram или Facebook користејќи го симболот #PicThisEurope. Во пораката ве молиме да назначите која држава, место или културна знаменитост е прикажанa на вашата фотографија.
Како вашата фотографија да стане победник
Ги сакаме луѓето, но за овој натпревар ве замолуваме да ги споделите вашите најдобри фотографии кои во својот фокус имаат пејзажи и/или културни знаменитости. Нема да бидат прифатени фотографии на кои се претставени луѓе.
Кои се наградите
Победниците ќе добијат пакет програми за камера за паметен телефон и нивните фотографии ќе бидат претставени на изложбата Picture This!. Второпласираните ќе добијат торбички со промотивни производи од Европеана.
Крајниот рок е четврток, 31 август 2017 година
Правила и услови
- Натпреварот е организиран од Фондацијата Европеана чие седиште се наоѓа на Принс Вилем-Александерхоф 5, 2595 Хаг, Холандија.
- Добредојдено е учество на секој кој има 16 или повеќе години, освен на вработените во Фондацијата Европеана, партнерските организации – учесници и нивните блиски роднини и кој било што е на некаков начин поврзан со организацијата или гласачкото тело на натпреварот.
- Учеството на натпреварот е бесплатно. Со учеството уесниците се согласуваат нивната фотографија да биде искористена од страна на Фондацијата Европеана за веб-локацијата на Европеана - Збирки и други сродни веб локации вклучувајќи, но не ограничувајќи се на нејзино јавно прикажување во рамки на промотивни активности, на социјалните медиуми и за други потреби.
- Фондацијата Европеана нема да бара авторски права за доставените фотографии. Со учествувањето во натпреварот учесниците се согласуваат нивните слики да бидат лиценцирани под CC BY-SA.
- Секој поединец може да учествува со една фотографија. Лицата што ќе достават повеќе фотографии или фотографија што не ги исполнува критериумите ќе бидат дисквалификувани. Ќе бидат прифатени само фотографии од пејзажи/културни знаменитости. Краен рок за доставување е четврток, 31 август 2017 година. Фотографиите што ќе бидат доставени по овој датум нема да бидат земени предвид.
- Победниците ќе бидат избрани со јавно гласање и едно независно тело од судии назначени од Фондацијата Европеана.
- Првопласираните ќе добијат пакет програми за камера за паметен телефон и нивните фотографии ќе бидат претставени на изложбата Picture This! Второпласираните ќе добијат торбички со промотивни производи од Европеана. Фондацијата Европеана нема да биде одговорна за плаќање дополнителни трошоци што може да произлезат кога подароците ќе се праќаат во странство.
- Победникот ќе го информираме по мејл и/или директна порака на Twitter/Facebook во рок од 28 дена по крајниот рок. Доколку не успееме да го контактираме победникот или доколку тој не ја подигне наградата за 14 дена откако ќе го информираме, го задржуваме правото да ја повлечеме наградата од победникот и да избереме негова замена.
- Фондацијата Европеана го задржува правото да го откаже или промени/измени натпреварот доколку околностите излезат од контрола.