На состанокот на директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, д-р Иван К.
Заров,со д-р Вирволи со митрополитот Мелки Јурек, присуствуваше и деканот на Богословскиот факултет во Скопје, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски.
На средбата се разговараше за културните и историските врски меѓу Истокот и Западот и за значењето на промоцијата на македонското средновековно културно наследство во западниот свет, со акцент на средновековните словенски ракописи од Македонија.
Монсињор Вирвол беше гостин на свеченото отворање на изложбата „Словенски ракописи од Македонија од XIII до XIX век“ што НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје ја организираше во Ватиканските музеи по повод 20 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Република Македонија и Светата Столица.