Прес

Германија в куфер

Среда, 02 Ноември 2016 09:47

Драги пријатели на гермаснкиот јазик и култура,

Гете-институт Скопје срдечно Ве поканува на изложбата

„ГЕРМАНИЈА В КУФЕР“, која ќе се прикажува до крајот на годината во Германска читалница при НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Интерактивната изложба „Германија в куфер“ привлекува посетители од сите возрасни групи и им овозможува да дојдат во допир со Германија и германскиот јазик на еден поинаков начин. Неконвенционалната изложба опфаќа два куфери од по два дела и истите повикуваат на истражување и учење низ игра. Во првиот куфер е спакуванa темaтa „Германија и Германците“, а во вториот темата „Германскиот јазик“. Целта на изложбата пред сѐ е да се запознае Германија на духовит начин и да се поттикне желбата за изучување на гермаснкиот јазик.

Посетителите ги очекува разновидна програма за активно учество.

Влезот е слободен, потребна е најава на групи!

Понеделник, среда, петок: од 8 до 16 часот

Вторник и четврток: од 12 до 18 часот          

Првата сабота во месецот: 11 до 15 часот

Патувачката изложба „Германија в куфер“ е финансирана од средства на германското Министерство за надворешни работи.

Изложбата e организирана во соработка со Германската читалница при НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Дополнителни информации ќе најдете на нашата веб страна: goethe.de/skopje

Се радуваме на Вашето доаѓање!

Тимот на Гете-институт Скопје

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846