Прес

Делегација од Националната библиотека на Кина во посета на НУБ

Четврток, 23 Јуни 2016 10:30

Со задоволство Ве информираме дека на 24 јуни (петок) о.г. Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе бидe домаќин на петчлена делегација од Националната библиотека на Народна Република Кина, во состав: г. Чен Ли, заменик извршен директор на Националната библиотека на Кина, г-ѓа Ма Џинг, заменик директор за меѓународна соработка, г. Шје Чјанг, заменик директор на секторот за општи работи и управување, г-ѓа Ванг Јанг, заменик директор за набавка на библиотечен материјал и обработка, г. Хао Џинмин, библиотекар во  меѓународна соработка.

Д-р Иван К. Заров, директорот на НУБ и д-р Чен Ли, заменик извршниот директор на Националната библиотека на Кина, ќе потпишат Меморандум за соработка со цел проширување на соработката во областа на библиотечно-информациската дејност и зајакнување на професионалните односи меѓу двете библиотеки,

Исто така, Колегиумот на НУБ ќе оствари работна средба со гостите од Кина заради заемно запознавање со достигнувањата и перспективите на развојот на библиотекарсвото при што ќе се разменат идеи за проекти во областа на стручната обработка, современите технологии, реставрацијата, конзервацијата, како и дигитализацијата на библиотечен материјал.

Одговорните за посебните збирки во НУБ за гостите ќе подготват пригодна изложба и ќе претстават дел од непроценливото културно наследство на Република Македонија што се чува во фондот на НУБ, а кое зборува за културните и историските вредности и корени на нашиот народ.

Амбасадорот на Кина во Македонија, г. Вен Женшун, ќе присуствува на официјалното потпишување на меморандумот за соработка.

Од Министерството за надворешни работи г-ѓа Весна Крстиќ Андреевска, началник на одделение и одговорна за билатералните односи со НР Кина,  во секторот за билатерални односи со Евроазиски држави, Среден Исток и Африка, како и раководителот на секторот г. Р. Салиу.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846