Прес

30 (ТРИЕСЕТТА) ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДИРЕКТОРИТЕ НА ЕВРОПСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ БИБЛИОТЕКИ ВО ВИЕНА, АВСТРИЈА

Четврток, 02 Јуни 2016 14:15

Во организација на Австриската национална библиотека, на 30 и на 31 мај о. г., во Виена, се одржа 30-тата Конференција на директорите на националните библиотеки од Европа CENL (Conference of European National Libraries). Директорот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” - Скопје, д-р Иван К. Заров, ја претставуваше Република Македонија.

На конференцијата се разгледаа стратешките приоритети за развој на асоцијацијата на европските национални библиотеки, нивната заемна координираност, новите тенденции во библиотечното работење како и соочувањето со предизвиците пред кои се исправени националните библиотеки во актуелниот социо-културен амбиент. Особено беше истакнато институционалното место и улогата на библиотеката во дигиталното време, како модератор и сервис на информации за сите културни, научни и општествени активности, а преку креирање на развојни програми и внатрешно трансформирање на библиотеките и постојана едукација на професионалниот библиотечен кадар, како и менаџирањето на нови начини би се подобриле финансирањето, одржливоста, развојот и квалитетот на библиотечните услуги преку споделување на различните искуства на секоја од европските национални библиотеки.    

 

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846