Прес

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

Прирачник за универзална децимална класификација

Вторник, 19 Април 2016 09:13

 Имаме чест и задоволство да ве поканиме на промоцијата на новата стручна   книга Прирачник за универзална децимална класификација од Сенка Наумовска во издание на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Промоцијата ќе се одржи на 20 април (среда), со почеток во 12.00 часот во Центарот за конференции и студии при НУБ.

Книгата ќе ја промовираат д-р Иван К. Заров, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и проф. д-р Димитар Пандев од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.

д-р Сенка Наумовска, лекар специјалист,  е библиотекар со долгогодишно искуство во систематизација и предметизација на библиотечен материјал, како и во едукација на библиотекари и учество и работа на домашни и меѓународни проекти.

Прирачникот за универзална децимална класификација е единствениот библиотечен едукативен материјал подготвен според Британскиот институт за стандарди (British Standard Institute) и изданијата на Конзорциумот на УДК со седиште во Хаг. Тој претставува неопходна литература за сите библиотекари, особено оние кои се вклучени во подготвување односно класифицирање на информациите, како и во нивното пребарување. Покрај тоа, оваа стручна публикација е корисно и неопходно четиво за студентите што го изучуваат предметот библиотекарство на различни студиски програми. 

Универзалната децимална класификација (УДК) е најмногу користена класификациска шема во сите сфери на знаењето, што се користи во националните и специјализираните библиотеки, библиографски, дoкументациски и информациски служби во повеќе од 130 држави во светот и е издадена на повеќе од 50 јазици.

Користењето на УДК, како универзален вештачки јазик, овозможува достапност на информациите и документите напишани на кој и да е јазик.

Со оглед на погодностите што ги дава примената на УДК во размената на националните и интернационалните духовни, научни и културни вредности, веруваме дека оваа класификација ќе продолжи да се развива и да се софистицира и во новата интернет-галаксија.

 

 

 

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846