Прес

Кино со сликовници за деца и млади

Среда, 23 Март 2016 09:05

 Каде:  Германска читалница при НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје

 Кога: секоја прва сабота во месецот во 13 часот

 Јазик: германски / македонски     Возраст: од 6 до 16 години

 Максимален број на гледачи: 30    Резервација на тел.:  31 23 349

Со самата програма на киното со сликовници сакаме, пред сè, да понудиме еден забавен час за децата и младите за да ја поттикнеме интеракцијата помеѓу нив преку учење на еден странски јазик, кое нема да доведе само до нови познанства, дискусии, насмевки и љубопитност туку и до една поинаква перспектива на гледање на германскиот јазик во овој случај, а воедно и да ја поттикнеме љубопитноста за книгите кај младите.  

Со проекциите на различни приказни, некои веќе познати од нашето детство, младите ќе имаат можност да го искажат своето мислење и својата креативност. За крајот се предвидени разни игри.

Првото кино со сликовници ќе се одржи на 2.4.2016, сабота, во 13 часот, а ќе се прикажува познатата бајка од Браќата Грим „Трнорушка“.

* За помали групи до 15 гледачи, проекции и во текот на неделата.

 

 

 

 

 

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846