Прес

Човекот зад митот, државата зад човекот: Шандор Петефи и унгарскиот романтизам

Понеделник, 14 Март 2016 15:37

Почитувани,

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје во рамките на планираните активности за популаризација на книгата и серијата настани посветени на светската книжевност го претставува третиот настан насловен „Човекот зад митот, државата зад човекот: Шандор Петефи и унгарскиот романтизам“. Овој настан НУБ го организира во соработка со Здружението на Унгарците во Р. Македонија - Телeдом.

Осврт за унгарската книжевност ќе има професорот Гара Петрила Атила, кој ќе зборува за националниот празник на Унгарците што се прославува на 15 март, како и за творештвото на Шандор Петефи.

Шандор Петефи е исклучително важна фигура во унгарската книжевност и, воопшто, во унгарската култура. Освен излагањето на професорот Петрила ќе имате можност да слушнете и неколку песни од познатиот поет Петефи, во оригинал на унгарски и во препев на македонски јазик. Освртот ќе се одржи на унгарски јазик, а преводот на македонски јазик ќе биде од г-дин Јожеф Шутуш, претседател на Здружението на Унгарците во Р. Македонија – Теледом.

Како што беше најавено уште на првиот настан, информираме дека во Библиотеката, во текот на целата 2016 г. континуирано ќе се промовираат и презентираат публикации од капиталните издавачки проекти на Владата преведени на македонски јазик, како и други изданија.

Срдечен поздрав,

.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846