Прес

Германија в куфер

Петок, 26 Февруари 2016 14:40

Мини изложба

Германска читалница Скопје при НУБ „Св.Климент Охридски“- Скопје

Висока технологија и кич, лаптоп и кожени пантолони: Германија е разновидна!

Дали е возможно Германија и германскиот јазик да се спакуваат во два куфери?  Да, возможно е!  Притоа има многу што да се открие: џуџиња, стаклени кугли, квиз прашања за градовите, фотографии закачени на дрво и мислења на многу луѓе, изненадувачки одговори на често поставувани прашања, тајни фиоки, мистериозна дланка, љубовни поеми, песни, куси филмови и други презентации!

Влез слободен, потребна е претходна најава на групи (Договарање на термин, PDF)

Германска читалница тел.: ++ 389 2 31 23 349

 

Интерактивната изложба  „Германија в куфер“  привлекува посетители од сите возрасни групи и им овозможува да дојдат во допир со Германија и германскиот јазик на еден поинаков начин. Неконвенционалната изложба опфаќа два куфери од по два дела и истите повикуваат на истражување и учење низ игра.  Во првиот куфер е спакуванa темaтa „Германија и Германците“, а во вториот  темата „Германскиот јазик“. Целта на изложбата  пред сѐ е да се запознае Германија на духовит начин и да се поттикне желбата за изучување на гермаснкиот јазик.

Посетителите ги очекува разновидна програма за активно учество.

Работни листови за оние кои го изучуваат германскиот јазик

Вовед - Германија в куфер (PDF, 113 KB) Работен лист за квизот (PDF, 131 KB) Квиз (PDF, 153 KB) Квиз - решенија (PDF, 344 KB) Работен лист 1 (PDF, 136 KB) Работен лист 2 (PDF, 95 KB) Работен лист 3 (PDF, 150 KB) Задачи за настава (PDF, 214 KB) Работен лист за филмовите (PDF, 144 KB) Игра со џуџиња (PDF, 827 KB)

Патувачката изложба „Германија в куфер“ е финансирана од средства на германското Министерство за надворешни работи.

Изложбата ја организира Гете-Институт Скопје во соработка со Германската читалница при НУБ „Св.Климент Охридски“-Скопје.

Се радуваме на Вашето доаѓање!

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846