Прес

Часови по конверзација во Германската читалница при НУБ

Понеделник, 18 Јануари 2016 13:08

Германска читалница
Влез слободен
Секој четврток од 18 до 19.15 часот 

Максимален број на учесници: 30

Ги молиме сите заинтересирани да се пријават на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Германската читалница при НУБ, и во новата година почнувајќи од 21.1.2016 г., четврток, еднаш неделно ќе им нуди на своите корисници, студентите и сите што го изучуваат германскиот јазик бесплатни часови по конверзација на германски јазик. Целта на овие часови е подобрување на комуникативните вештини.

Австриската лекторка Регине Мертл ги води часовите и се обидува со помош на разни игри и со вклучување на актуелни теми, да ја поттикне употребата на германскиот јазик во работа со партнер или во мали групи. Притоа ќе се разговара за сите настанати лексиколошки и граматички проблеми.

Сите заинтересирани се срдечно добредојдени! (од А2 ниво според Заедничката европска референтна рамка)

Се радуваме на Вашето доаѓање!

Во соработка со ОеАД – лекторат

                                

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846