Прес

Поврзани отворени податоци

Петок, 25 Април 2014 16:54

Би сакале да ја споделиме со вас информацијата за активностите што ги презема Европската библиотека (www.theeuropeanlibrary.com) со цел да ги промовира новините во библиотеките низ Европа во врска со Поврзани отворени податоци (Linked Open Data - LOD).

Европската библиотека објавува шест примери на ЛОД. Ве покануваме да ги посетите сајтовите овде:

Статиите за Британската библиотека и Националната библиотека на Франција се предвесници на Хакерскиот маратон - информативниот ден посветен на ЛОД што го организира Европската библиотека заедно со истражувачките библиотеки во Обединетото Кралство (Research Libraries UK), на 14 мај, во Лондон. Податоците што ќе бидат промовирани претставуваат група на повеќе од 17 милиони поврзани библиографски записи. Овие поврзани податоци се креирани од Европската библиотека со поддршка на истражувачките библиотеки-членки на Европската библиотека.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846