Прес

Оглас за практиканти во Германската читалница

Петок, 08 Ноември 2013 16:33

Германската читалница во Скопје, чиј партнер е Гете-Институтот, нуди можност за практикантска работа за студенти во текот на 2014 година кои сакаат да го применат своето знаење и да ги подобрат своите вештини станувајќи практиканти кај нас. Практикантската работа е доброволна (неплатена) и од практикантите се бара да работат 3 до 4 часа дневно, во текот на еден месец.

Работата на практикантите вклучува извршни задачи, како на пример вовед во работата на Германската читалница за нови посетители; зачленување на нови корисници; зајмување и користење на библиотечниот материјал, опомени за враќање на зајмениот материјал според правилата на Германската читалница; изготвување информации, тематски пребарувања за Германија; прием и распределување на библиотечен материјал: внес на новопримен материјал во инвентарната книга на Германската читалница; изготвување на флаери за новопримен материјал; оттуѓување на библиотечниот материјал од фондот на Германската читалница и изготвување на листи со оттуѓен материјал; културни и образовни настани: активна соработка германски институции како и македонско германски здруженија во Македонија. Помош при организација на културни и образовни настани што подразбира и преуредување на флексибилниот мебел за време на настаните; афирмација на фондот и читалницата: подготовка на информации за читалницата и настаните во читалницата за веб-страните, фејсбук и сл., презентации за работата на читалницата, изготвување на информативни плакати и флаери во читалницата. Кандидатите треба да поседуваат минимално знаење за Германија и другите земји од германското јазично подрачје.

По завршување на практикантската работа, практикантите ќе добијат сертификат за завршена практикантска работа, и доколку е потребно писмо со препорака.

Месеците во кои ќе се одвива практикантската работа се:

  • Jануари
  • Фебруари
  • Март
  • Април
  • Мај
  • Јуни
  • Септември
  • Октомври
  • Ноември
  • Декември

Критериуми:

  • Практикантите треба да бидат студенти на додипломски или последипломски студии на Филолошките факултети во Скопје, Штип, Тетово; на Институтот за библиотекарство при Педагошкиот факултет во Скопје; на Катедрата за германски јазик при Педагошкиот факултет во Битола;
  • Добро да го владеат македонскиот и германскиот јазик и/или англискиот јазик.
  • Познавањето и на албанскиот јазик се смета за корисно; Познавањето на работа со компјутери е неопходно;
  • Комуникативност, флексибилност, адаптибилност, тимска работа, интеркултурна компетенција.

Како да аплицирате:

За да аплицирате, потребно е да испратите кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 10 декември 2013 г., по што ќе следат интервјуа. Во мотивационото писмо треба да наведете зошто сте заинтересирани за практикантска работа во Германската читалница, што очекувате да научите и како тоа знаење ќе ви биде од корист во иднина. Во мотивационото писмо задолжително наведете го и месецот кога сакате да ја извршувате практикантската работа.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846