Прес

„Проглас“

Петок, 01 Ноември 2013 15:51

По повод 1.150-годишнината од Моравската мисија на светите браќа Кирил и Методиј, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Република Македонија во соработка со Словачката национална библиотека - Мартин, Република Словачка, на 28 ноември 2013 г. организираше промоција на публикацијата „Проглас“ од Константин филозоф - св. Кирил.

Издавач на репрезентативното издание на „Прогласот“, илустрирано со фотографии на икони и манастири од Македонија, е Словачката национална библиотека, а составувач, препејувач и преведувач е Стојан Лекоски, кој живее во Словачка. Катарина Криштофова, генералниот директор на Словачката национална библиотека и Миле Бошевски, директорот на НУБ „Св Климент Охридски“, изразија заемно задоволство од меѓусебната соработка и промовирањето на вредното издание кое е објавено на старословенски, македонски и на словачки јазик,а поддржано од Министерството за култура на Словачка. За содржината и вредноста на „Проглас“ говореше одговорниот уредник Аугустин Матовчик, а проф. д-р Илија Велев од Институтот за македонска литература се осврна на изданието и на историското и културното значење на Моравската мисија на светите браќа Кирил и Методиј.

 

 

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846