Прес

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

Дијалогот како место на заемното разбирање

Среда, 10 Април 2013 09:55

Предавање (на германски јазик со објаснувања на македонски)

Д-р Силвана Балнат

Германска читалница, НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје

Среда, 24:04:2013, 12 часот

 Д-р Силвана Балнат студирала во Скопје и Потсдам и во 2011 година ја одбранила нејзината докторска дисертација за термините „искуство“ и „јазик“ во делото на Ханс-Георг Гадамер. Фокус на нејзината работа е херменевтиката како фундаментална филозофија на јазикот, која се смета и за централна германска научна традиција. Силвана Балнат со години се залага за распространување на основните термини и начини на размислување на херменевтиката и нивниот потенцијал за науката, истражувањето и општественото дејствување во Македонија. Нејзиниот есеј „Ко-конституција на 'јазикот' и 'искуството' во изразот 'јазично искуство'“ кој во 2009 г. беше објавен од издавачката куќа „Аз-Буки“ беше награден од Филозофското друштво на Македонија.

 Предавањето на д-р Балнат е прилагодено за пошироката публика без филозофски предзнаења, но со познавања на германскиот јазик. Таа предавањето ќе го дополни со објасувања на македонски, а ќе одговара и на прашања од присутните.

 Централно место во предавањето ќе има дијалогот односно разговорот:

  • Што значи „да се разговара со некого за нешто“?
  • Под кои услови може воопшто да се разговара?
  • На што треба да се внимава кога се наоѓаме во разговор?
  • Дали можеме разговорот произволно да го насочуваме или сме во одредена смисла самите ограничени од него?
  • До кој степен можеме да го владееме разговорот без да го повредиме достоинството на соговорникот, т.е. неговата другост?
  • Дали постојаното практикување разговор претставува практикување општественост, т.е. граѓанскост?

Д-р Силвана Балнат го напиша следново:

Неколку аспекта се неодминливи за еден разговор. Тие не се само својства на еден успешен или добар разговор, туку се нужни за воопшто разговорот да се случи. Овие аспекти се: отвореност на соговорниците еден за друг, заемно признание како и една т.н. предструктура на разговорот (мотивација, предзнаења и цели), која ја носиме со себе и ја вложуваме во секој разговор што го водиме. Овие својства не го опишуваат само веќе постоечкиот разговор, туку претставуваат услови за можноста на секој разговор.

Целта на оваа средба е да се испита тезата за отвореноста, заемното признание и за предструктурата како услови за можноста на разговорот, како и нејзините практични последици за нас и за нашиот однос кон соговорниците или воопшто спрема нашите солуѓе. Овие прашања се од длабоко значење за секое граѓанско општество но се недоволно рефлектирани практикувани во нашето општество. Да се живее во едно граѓанско општество значи во една многу важна смисла да се има соодветно „држење“ спрема сограѓаните, на кои и тоа на секој од нив посебно им се признава човечкото достоинство. Ова значи дека секој граѓанин може и треба да биде не само граѓанин, туку и сограѓанин, не само говорник или слушател, туку и соговорник и сослушател. Овие моменти го претвораат разговорот во суштинска димензија за споменатото граѓанско „држење“ во едно општество.

На 25.04.2013 Силвана Балнат ќе одржи работилница наменета за студентите од Катедрата за германски јазик и книженост на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846