Прес

Посета на кинеска делегација

Петок, 29 Март 2013 19:07

На 28 март 2013, делегација од Југозападниот универзитет за финансии и економија во Шенгду, Кина во состав, проф. Дан Јанг, проректор, проф. Шижонг Денг, заменик декан на Школата за меѓународно образование и г-а Тинг Лианг, заменик директор во Канцеларијата за односи со јавност, ја посети Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје при што оствари средба со директорот Миле Бошески, на која се разговараше за можна соработка во блиска иднина. Делегацијата го посети и Домот на кинеска култура што функционира во рамките на Библиотеката.

Н.Е. г-дин Ратхакит Манатхат, новоименуван вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралстовото Тајланд за Република Македонија, со седиште во Анкара, на 29 март, ја посети Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје и оствари протоколарна средба со директорот Миле Бошески. Во оваа пригода Амбасадорот подари 50-тина книги од различни области за фондот на Библиотеката со цел јавноста во Република Македонија да се запознае со Кралството Тајланд. Посетата е организирана во рамките на Церемонијата на предавање на акредитивите на новиот амбасадор.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846