Изложби

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

Словенски ракописи од Македонија од XIII до XIX век

Понеделник, 02 Јуни 2014 15:09

Посетителите на ватиканските музеи од целиот свет, од 22 мај до 7 јуни 2014 г., имаат можност да ја разгледаат ексклузивната изложба „Словенски ракописи од Македонија од XIII до XIX век“ и да се запознаат со остатоците од една древна писмена традиција, на чии темели е вградена дејноста на двајца од најзначајните Кирилометодиеви ученици и учесници во Моравската мисија - светите Климент и Наум Охридски. Изложбата е дел од манифестацијата Македонија во чест на свети Кирил во Ватикан и одбележувањето на 20-годишнината од воспоставување на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Светата Столица. Таа е во организација на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, која за оваа намена подготви и каталог. Каталогот изобилува со фотографии од ракописите во боја, а текстот е на македонски, италијански и англиски јазик со што овозможува сите заинтересирани подетално да се запознаат со илјадагодишната писмена традиција како дел од културното и духовно наследство на Македонија. Ракописите се сместени во специјално изработени витрини за оваа намена и се поставени во прекрасно осмислен простор на ватиканските музеи.

На свеченото отворање, на 22 мај, се обратија и свој збор за изложбата и за соработката меѓу Ватикан и Република Македонија изнесоа: Фернандо Вергез Алзага, генерален секретар на Ватикан, проф. Антонио Паолучи, директор на ватиканските музеи, д-р Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура на Република Македонија, д-р Звонимир Јанкуловски, амбасадор на Македонија во Светата Столица и д-р Ѓорѓе Иванов, претседател на Република Македонија. На свеченоста присуствуваа и амбасадорот на Македонија во Италија, Оливер Шамбевски, г. г. Стефан, поглавар на Македонската православна црква, Спиро Ристовски, министер за образование и наука, д-р Валентина Божиновска, директор на Комитетот за верски со религиозни заедници и групи, претставници на дипломатскиот и културниот свет во Ватикан, како и многу други високи гости од Македонија и Македонци кои живеат и работат во Италија.

За изложбата се погрижи стручниот тим од НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, предводен од д-р Иван К. Заров, директор на Библиотеката и комесар на изложбата и тимот, во состав: м-р Зорица Јаковлеска-Спировска, виш конзерватор, Викторија Костоска, виш библиотекар и координатор за меѓународна соработка, Магдица Шамбевска, раководител на Секторот за комплетирање и стручна обработка на библиотечен материјал и Љупчо Јованов, информатичар. Со цел соодветно и доследно претставување на ракописите, во процесот на подготовката тимот соработуваше со стручните консултанти д-р Михаило Ѓоргиевски, специјалист за средновековна христијанска литература, кој го направи изборот и описот на ракописите, а од големо значење беа и стручните совети на акад. Ѓорѓи Поп Атанасов, проф. д-р Франческа Дел Аква од Универзитетот од Салерно, Италија и проф. д-р Анета Георгиевска Шајн од Универзитетот во Мериленд, САД. Ликовното и графичко уредување на каталогот го направи м-р Марија Ветероска-Трпкоски

Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Македонија

Од вкупно триесет (30) ракописи, дваесет и еден (21) се земени од фондот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, а останатите девет (9) ракописи се земени од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Охрид, Државниот архив на Македонија, Историскиот архив - Охрид, Македонската архиепископија (Богословски факултет) – Скопје и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Од каталогот за изложбата д-р. Иван К. Заров:

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846