Новости

Денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, директорката на библиотеката, Сенка Наумовска и ректорот на Универзитетот Aмерикан Колеџ Скопје, проф. д-р Марјан Бојаџиев, потпишаа Меморандум за разбирање и соработка. Со овој Меморандум отпочнува соработка меѓу овие две институции со цел изведување практична настава за студентите од Универзитетот Американ Колеџ, како и обука, продлабочување на знаењата, размена на наставен и стручен кадар, како и размена на информации и искуства за истражувања, научни собири, развојни и други проекти од заеднички интерес.
Директорката и ректорот искажаа подготвеност за размена на наставници, соработници и други стручни лица во вршењето на наставно-образовниот процес на додипломските и постдипломските студии на Универзитетот, како и во рамки на работата на НУБ.

Здрава храна : заблуди и вистини
Интерактивно предавање ќе одржи Ана Николовска, дипломиран инженер нутриционист
26 март (понеделник), 12.00, Центар за конференции и студии

Броевите и нивното значење во Кинеската култура
--Зошто во Кина бројот 8 се обожува, а 4 се избегнува--
Предавањето ќе го одржи синологот Елена Дамјаноска
27 март (вторник), 12.00, Центар за конференции и студии

СВЕТСКИ ДЕН НА ПОЕЗИЈАТА

Среда, 21 Март 2018 13:27

Во духот на убавата и долга традиција, денес (21 март 2018 г./среда), во 13 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје ќе настапат дваесетина поети - членови на Македонскиот ПЕН центар, а послание за поезијата ќе упати проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846