Специјални библиографии

Специјални библиографии

Специјалните библиографии ја дополнуваат богатата библиографска дејност што Библиографскиот центар ја развива и негува од формирањето до денес. Тие се подготвуваат со соодветна концепциска осмисленост, специјално за некоја значајна личност, по повод некој јубилеј, настан, период, област, на посебна тема и друго. Ја опфаќаат целокупната истражена литература за одреден временски период на излегување и се издаваат во една публикација што го олеснува истражувањето. Овие библиографии нудат голем број референци за монографски публикации, зборници, статии и прилози и имаат големо значење за научниците, докторантите, магистрантите и студентите кои ги проучуваат темите и областите што се земени како параметар за специјалната библиографија.

Начинот на подредување на библиографските единици и видовите на регистри кои ги содржи одредена специјална библиографија зависи од суштината на предметот што се обработува во соодветната библиографија.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846