Монографии

Монографии

Се изготвува од македонскиот задолжителен примерок, а двете свески ја опфаќаат целокупната едногодишна издавачка продукција примена во НУБ „Св. Климент Охридски“. Во неа се вклучуваат монографски публикации (книги) издадени од македонски издавачи, кои се печатени во Македонија и во странство, докторски дисертации одбранети на Универзитетите во Македонија, географски карти, музикалии - нотни записи, како и електронски публикации.

Библиографските единици во 1. серија – Монографски публикации се тематско-содржински подредени според стручните групи на УДК, а во рамките на групите азбучно. Вака структурирани библиографските единици го сочинуваат корпусот на библиографијата.

Оваа серија ги содржи следните регистри:

  • регистар на автори (кирилица и латиница)
  • предметен регистар
  • регистар на наслови
  • регистар на издавачи
  • регистар на печатници
  • регистар на ISBN броеви

 

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846