Македоника – информативен билтен е посебен сегмент од македонската национална библиографијата кој содржи податоци за публикации издадени надвор од територијата на Република Македонија. При подготвувањето на Билтенот треба да биде задоволен еден од следните критериуми:
- објавени трудови на македонски јазик
- трудови чија содржина се однесува на Македонија од кој било аспект
- трудови чии автори се Македонци, а се објавени во странство на македонски јазик или се преведени
- трудови на автори од етничките заедници - државјани на Македонија, објавени во странство на изворниот јазик или преведени
Публикацијата претставува база на информации преземени селективно од користените извори: on line бази на податоци, on line книжарници, како и во странски печатени библиографии и каталози кои ги поседува Библиотеката.
Билтенот опфаќа монографски публикции и статии и прилози од сериски и монографски публикации, кои формално и стручно се обработуваат според соодветните меѓународни стандарди. Библиографските единици се групирани во шест дела според предметна класификација, а во рамките на секој дел се подредени азбучно.
Македоника – информативен билтен ги содржи следните регистри:
- предметен регистар
- регистар на автори (кирилица и латиница)
- регистар на наслови (кирилица и латиница)
- регистар на изворници
- регистар на on line бази на податоци