Дигиталната библиотека при НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје преку својот портал Dlib.mk, на своите посетители им овозможува пристап до различни библиографски содржини како што се книги, ракописи, списанија и периодични публикации, статии, географски карти, ноти, научни извештаи, проекти и тн.
Порталот Dlib.mk, пред сe, има за задача да зачува, презентира и дистрибуира најразлични библиографски содржини во дигитална форма како дел од програмата за заштита на културното наследство и промовирање на нашата култура во јавноста. Дигиталната библиотека е изградена врз Open Source платформата Dspace која покрај можноста за презентација има за цел и долготрајно чување и управување со дигитални објекти.
Работно време:
понеделник - петок 08:00 - 16:00
Контакт:
+389 2 323 0151 лок. 205