Ориентални ракописи

Фрагмент од ориентален ракопис

Ориентални ракописи

Дејност

Збирката собира, чува, обработува и дава на користење ориентални библиотечни материјали.

Фонд

Збирката за ориентални ракописи и ретки публикации содржи 3743 сигнатури ракописи (2586 на арапски, 1050 на  османскo-турски и 107 на персиски јазик), околу 6000 печатени книги на трите јазика и 9  некомплетни сериски публикации на османско-турски јазик.

Граѓата е распоредена во следните групи:

  • MSA и OMCA – арапски ракописи
  • MST  и OMCT – османско-турски ракописи
  • MSP и MCП – персиски ракописи
  • О- печатени книги на ориентални јазици
  • ОП – сериски публикации на османско-турски јазик
Особено вредна граѓа
  • al-Mukhtaśar fī al-fiqh од  Abū Ja‘far Aỏmad ibn Muỏammad ibn Salāmah al-Ţaỏāwī, од областа на шеријатското право, најстар ракопис во Збирката (Senhar, 1195);
  • Три ракописи од библиотеката на Иса Бег од 15-тиот век: дванаесетиот том од коментарот на Куранот Mafātīỏ al-ghayb или al-Tafsīr al-kabīr од Fakhr al-Dīn Muỏammad ibn ‘Umar al-Rāzī (15-тиот век); глоса на дело од областа на изворите на шеријатското право Ỏāshiyat al-Abharī ‘alā Sharỏ Mukhtaśar al-Muntahā lil-Ījī  од Sayf al-Dīn Aỏmad al-Abharī (1421); коментар на дело од областа на науката за читањето на Куранот Kanz al-ma‘ānī fī sharỏ Ỏirz al-amāni wa-wajh al-tahānī од Burhān al-Dīn Ibrāhīm ibn ‘Umar al-Ja‘barī (1386);
  • Леринскиот Куран (1859).
Каталози:
  • попис на арапски и перскиски ракописи и сериски публикации;
  • печатен каталог на турските ракописи (Aydemir, Yaşar; Hayber, Abdülkadir. MAKEDONYA KÜTÜPHANELERI TÜRKÇE YAZMA ESERLER KATALOĞU. Ankara: TIKA, 2007);
  • авторски каталог и каталог по наслови за еден дел од печатени книги.
Користење:

Фондот се користи исклучиво во читалната на Збирката во присуство на библиотекарот.
Фотокопирањето не е дозволено.

Работно време:

вторник, среда и петок од 9:00-15:00, пауза од 11.00-12.00 часот

Одговорно лице:

Климе Наумовски, Маријана Кавчиќ
тел. ++389 2 3115 177 лок. 139

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846