Ликовни уметности

Фрагмент од цртеж на Никола Мартиновски

Збирка за ликовна уметност

Во Збирката се обработуваат монографските публикации и се собира, обработува, каталогизира и се чува некнижниот материјал. Формирани се авторски (азбучен и абецеден) и стручен (спoред UDK) каталози. Истражување на делата преку Интернет (според наслов и автор) е овозможено и на најшироката публика, уште од 1998 година. Фондот на Збирката вклучува монографски публикации (албуми), графики и цртежи.

32 000 монографски публикации (албуми, каталози, енциклопедии итн.) ги опфаќаат сите области на ликовното творештво.

Од седумсеттите години на 20-век, Ликовната збирка при Библиотеката започнува со организација на традиционалните изложби на Друштовото на ликовни уметници на Македонија за графика. Доделувајќи откупни награди на изложбата, преку донации од авторите и преку други откупи на дела, Збирката формираше фонд од околу 490 графики и 270 цртежи.

Фондот на цртежи и графики е составен претежно од дела на македонски автори од шеесеттите години до почетокот на 21-виот век. Почнувајќи од основоположниците на модерното ликовно творештво – постарите дела како на Никола Мартиновски, низ делата на Ристо Калчевски, Петар Хаџи Бошков, Петар Мазев, Драгутин Аврамовски – Гуте, Вангел Наумовски, Васил Василев, Ана Темкова, Глигор Чемерски, Родољуб Анастасов, Танас Луловски, Илија Кочовски, Драган Попоски – Дада, Анета Светиева, Илија Пенушлиски, Душан Перчинков, Симон Шемов, Димитар Малиданов, па се до најмладата генерација – Славчо Соколовски, Томе Аџиевски, Атанас Атанасоски, Оливер Мусовиќ и Славица Јанешлиева, во Збирката се застапени, во доменот на цртежот и графиката, позначајните автори во македонската ликовна уметност. Збирката поседува експонати од широк ранг – од реализам, импресионизам, експресионизам, апстракција па се до постмодернистички остварувања, претставувајќи одличен документарен увид во историјата на ликовната уметност во Македонија, од аспект на цртежот и графиката. Како таква, претставува една од најбогатите и најкомплетните колекции во Македонија.

Работно време:

вторник, среда и петок од 9:00-15:00, пауза од 11.00-12.00 часот

Одговорно лице:

Искра Димитрова

Прес

Галерија

Галерија фотографии

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846