Археографска збирка

Фрагмент од Вруточко четвороевангелие - Евангелие на апостол Јован

Археографска збирка

Дејност

Богатството и разновидноста на Националната и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје ја комплетираат фондовите на збирките,вондредно значајни по својата културно-просветна,историска и научна вредност.Меѓу нив значајно место завзема Археографската збирка оформена во 1974 год. со основна цел да открива,прибира,проучува(обработува), чува и дава на користење ретките книги и словенските ракописи од Македонија.

Фонд

Збирката располага со преку 300 и околу 3 - 4 илјади монографски публикации на старопечатен, редок и специфичен библиотекарски материјал.

Особено важни

Како најстари и најзначајни ракописи со кои располага Археографската збирка се:

  1. Фрагмент од посен триод
  2. Македонска јусова редакција од средината на 14 век
  3. Стојков минеј за цела година
  4. Македонска безјусова редакција од крајот на 14 век
  5. Бенчевското четвороевангелие со минијатури
  6. Македонска безјусова редакција почеток на 16 век
  7. Зрзевско четвороевангелие од крајот на 16 век
  8. Ерминија од Павел Стојановиќ (зограф од Галичник) од 1870 год.
  9. Црковното пеење на Спиро Стојанов учител од с. Блатец од 1887 год.
Каталози
  • Основен каталог на старопечатени и ретки книги
  • Централен каталог на старопечатени и ретки книги во Република Македонија
  • Словенски ракописи во Македонија (во 8 тома)
  • Палеографски албум (во 3 тома)
Користење

Фондот се користи исклучиво во читалната на Археографската збирка во присуство на одговорниот библиотекар. Фотокопирањето не е дозволено.

Работно време:

вторник, среда и петок од 9:00-15:00, пауза од 11.00-12.00 часот

Одговорно лице:

Иво Митев
тел: 3115177 лок. 136
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Прес

Галерија

Галерија фотографии

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846