Интернет читалница

Интернет читалница

Во Интернет читалницата Библиотеката на своите корисници им овозможува слободен достап до интернет на 13 комплетно опремени работни места и 6 работни места каде можат да користат сопствени преносни компјутери.

При користење на комјутерската опрема корисникот мора да ги почитува пропишаните правила*:

  • Компјутерската и телекомуникациската опрема на Библиотеката се користи единствено за образовни и научно-истражувачки потреби
  • При користење на Интернет корисниците се должни да се придржуваат на Интернет-етиката позната како Нетикета (јавно достапен документ RFC1855)
  • Не е дозволено инсталирање дополнителна системска и програмска поддршка или менување на системската и програмската конфигурација на компјутерската опрема
  • Не е дозволено расклопување, преместување или изнесување на дел или цела компјутерска и комуникациска опрема
  • Не е дозволено користење на компјутерите на вработените од Библиотеката
  • Во времето на користење на компјутерската опрема, корисникот е одговорен за намерно оштетување на опремата и/или на податоците

Користењето на оваа услуга е временски ограничено на еден час и неопходна е претходна регистрација кај одговорниот библиотекар.

Работно време:

понеделник до петок
7:30 до 19:30 часот
сабота
7:30 - 13:30 часот

Одговорно лице:

Нечковска Надица
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Прес

Галерија

Галерија фотографии

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846